Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Вардар Јуниор и Работнички (ЛИНК)

Денеска и утре се игра претпоследното 17. коло во машката Суперлига, по кое нема да има никакви поголеми промени на табелата.

Веќе се знаат сите учесници во плеј-офот, каде што не се пренесуваат бодови, за разлика од плеј-аутот, каде екипите во овие две кола можат да соберат уште некој бод против директните конкуренти што ќе се пренесе во следната фаза.

Тимот на Вардар Јуниор игра на домашен терен против Работнички, а домашниот тим е фаворит за бодовите од овој дуел.

Натпреварот започнува од 17:00 часот, се игра во СЦ „Јане Сандански“ без гледачи, а може да го гледате на следниот ЛИНК.