Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид (ЛИНК)

По одиграните четири натпревари во текот на викендот од 15 коло во Суперлигата, останува денеска да се одигра уште дербито на ова коло.

На овој дуел меѓу Бутел Скопје и Охрид нема фаворит, бидејќи двете екипи располагаат со сличен квалитет.

Во споредба со есенскиот дуел, во Бутел има две нови имиња – Сулима и Николиќ, додека кај Охрид еден нов играч – Николов.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид ќе се одигра денеска со почеток во 19:00 часот во спортската сала „Антон Димитров“ во населба Бутел, а можете да го гледате на следниот ЛИНК.