Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Металург – АОН Фиверс (ЛИНК)

Ракометарите на Металург откако минатиот вторник излегоа од карантин се максимално активни, а денеска ги очекува и натпревар од Групата А во Лигата на Европа.

Тие го пречекуваат тимот на Аон Фиверс од Австрија и ќе имаат интересна пресметка против составот кој може да биде незгоден ривал и на гостување.

На овој натпревар „металурзите“ ќе се обидат да дојдат до првата победа откако на гостувањата кај Тулуз и Адемар Леон претрпеа порази.

Ова е дуел на кој сигурно ќе има што да се види, а победата ќе биде императив на двете страни. Затоа ќе треба да се одигра на високо ниво што е најава за убав ракомет.

Средбата се игра во СЦ „Борис Трајковски“, а почетокот е во 18:45 часот. Преносот оди на Македонската телевизија, а доколку не сте во можност да го следите можете на следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2

ЛИНК 3 (Линкот работи само со поддршка на екстензијата HOLA и не работи преку мобилен телефон. За сите оние кои се надвор од границите на Македонија, линкот е отворен доколку ниту еден национален бродкастер не ги откупил правата за ЛШ)