Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер – АЕК Атина (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска го играат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Ривал е грчкиот АЕК Атина, кој беше совладан на мечот во јужниот сосед со 30-27 и кој ќе гостува во пеколна атмосфера во Битола.

Во ростерот на битолскиот тим нема да бидат Мартин Велковски, за кој заврши сезоната и Јосип Периќ, чија повреда бара мирување.

Камбек на дуелите од ЛЕ ќе имаат Реине Табоада, а се враќа и Немања Обрадовиќ, додека за АЕК ќе настапи некогашниот пелистерец Олександр Шевелев.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и АЕК Атина се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ од 18:45 часот, а може да го гледате на следниот ЛИНК

* за да го следите натпреварот мора да се регистрирате низ кратка постапка