Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Еурофарм Пелистер – Диомидис Аргус (ЛИНК)

После вчерашната победа против Анортозис Фамагуста денеска ракометарите на Еурофарм Пелистер го играат дуелот од 2. коло на турнирот во Атина, а противник е Диомидис Аргус.

Средбата почнува од 17 часот, а Еурофарм Пелистер влегува како фаворит и на овој натпревар така што за очекување е и денеска да биде забележана победа.

Натпреварот е прв во денешната програма, а доколку работите одат според планот победникот на турнирот ќе се решава утревечер кога Еурофарм Пелистер ќе игра против домаќинот АЕК.

Денешниот натпревар можете да го гледате на следниот ЛИНК.