Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Вардар – Елверум (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите против норвешкиот Елверум.

Стратегот Давид Дејвис пред овој натпревар направи две промени во однос на претходниот дуел во Лигата на шампионите во составот на Вардар се враќа Анте Гаџа, но ги нема Крстевски и Борко Ристовски. На местото на Ристовски во составот е Васил Гогов.

Без разлика на исходот, вардарци веќе го обезбедија местото во осминафиналето и ќе се соочат таму со унгарскиот гигант Веспрем.

Натпреварот меѓу Вардар и Елверум се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:45 часот, a може да го гледате на следниот ЛИНК.

*за да го следите натпреварот мора да регистрирате низ кратка постапка