Гледајте го ВО ЖИВО натпреварот Вардар – Алборг (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар после победите против Мешков Брест и Еурофарм Пелистер денеска е пред нов предизвик, а тој се вика Алборг и носи со себе товар на актуелен вицешампион од Лигат на шампионите.

Со почеток во 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ следува надигрувањето во кое вардарци ќе треба да го извадат максимумот и да покажат најдобро на теренот, а тоа може да се очекува од „црвено-црните“.

Ова ќе биде интересна средба, а победа за Вардар ќе значи голем чекор напред и докажување дека тимот е подготвен за ново надигрување.

Преносот ќе биде на Арена Спорт 3, а доколку го немате овој канал на вашиот ТВ оператор, може да го гледате на линкот подолу.

ЛИНК

Натпреварот можете да го следите и на ЕХФ ТВ. Сепак, за таму ќе ви биде потребна регистрација и програмот Хола за да можете непречено да го следите натпреварот.

ЛИНК