Гледајте го во живо натпреварот Вардар – Монпелје (ЛИНК)

Ракометарите на Вардар денеска го играат последниот натпревар од групната фаза за оваа сезона. Вардар го пречекува тимот на Монпелје и на овој дуел бодовите ќе бидат предизвик и за двете страни.

На вардарци е да се покажат во најдобро светло и да покажат дека можат и во елиминациите да се покажат во добро издание. Сепак, ќе треба да се одигра најдоброто на теренот прво денеска, па да се размислува за следните средби.

Иако „црвено-црните“ имаат позитивен биланс со тимот на Монпелје денеска нема да биде воопшто лесно бидејќи тимот од Франција влегува како фаворит на овој дуел. Средбата почнува од 17:30 часот, а се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Преносот од овој дуел оди на првиот канал на Македонската телевизија, а доколку не сте во можност да го следите тогаш ќе можете на следните линкови.

ЛИНК 1

ЛИНК 2