Гледајте ВО ЖИВО: Бидасоа – Еурофарм Пелистер (ЛИНКОВИ)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во рамки од 5. коло во Лига на Европа силите ќе ги одмерат против составот на Бидасоа Ирун.

Избраниците на Ларс Валтер во претходното коло славеа против Мотор Запорожје и во денешниот дуел ќе се обидат да дојдат до трета европска победа во новата сезона и два нови бода на свое конто.

Шпанскиот тим, исто како и ,,фарацевтите” во досегашниот тек од сезоната забележа две победи и доживеа два порази.

Дуелот меѓу Бидасоа Ирун и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.

Ќе има пренос на Арена Спорт 1 (Хрватска), Арена Спорт 2 (Србија) и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА (вториот линк работи само ако гледате надвор од Македонија со претходна регистрација).