Главоболки за Гисласон: Му откажаа уште тројца играчи за СП поради „семејни причини“

Главоболите за селекторот на Германија, Алфред Гисласон допрва ќе се зголемуваат. Откако претходно остана без Винцек, Сутон, Семпер и Виде, германскиот селектор денеска доби нови лоши вести.

Кружниот напаѓач Хендрик Пекелер, десниот бек Штефан Вајнхолд и дефанзивецот Фин Лемке ја информираа федерација и селекторот дека не можат да играат на Мундијалот во Египет.

Како главни причини тројцата играчи наведуваат дека сакаат да поминуваат повеќе време со семејството и не сакаат да ризикуваат со патување на СП.

Сега Гисласон има на располагање 28 ракометари од списокот што е испратен во ИХФ на кој имаше 35 и од нив ќе мора да ги бара патниците за Египет, а во меѓувреме да се надева дека нема да нови откази поради повреди и коронавирус.