Ги казнија бидејќи не носеа бикини, пејачката Пинк сака да ја плати казната

Репрезентативките на Норвешка на Европското првенство во ракомет на песок на последниот натпревар не се појавија во бикини туку во шорцеви и поради тоа добија казна бидејќи не беа во предвидената облека за овие натпрвари.

Сумата која Норвежанките треба да ја платат е 1.500 евра, а веќе се појави „спонзор“ кој би сакал да ги уплати овие средства давајќи им со тоа поддршка на девојките.

Станува збор за популарната пејачка Пинк која се понуди да ги уплати парите во Европската ракометна федерација, но од страна на Ракометната федерација на Норвешка ова е одбиено, па се очекува самите Норвежани да ги средат овие работи.

Инаку, претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер изјави дека ќе се направат промени во правилата и најверојатно во иднина ќе им се дозволи на девојките да имаат избор дали во бикини или во шорцеви ќе се појавуват на натпреварите во ракомет на песок.