Гичевска има нов клуб во Франција, се сели во Самбре

Репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска во следната сезона ќе има нов тим, а својата кариера ја продолжува во редовите на второлигашот Самбре Авенуа. Таа настапува на позицијата среден бек, а во Франција се пресели од редовите на Куманово минатото лето.

Интернационалката која во последната сезона настапуваше во тимот на Ле Пузен, сега ќе има нова средина, а оди во клубот во кој порано тренер беше Иван Марковски.

Со оглед на тоа што веќе има искуство со настап во шампионатот на Франција нема да има проблеми со адаптацијата, па ќе има можност за продолжување на кариерата и понатаму во земјата каде што имаше добра сезона.

Гичевска е веќе дел и од сениорската репрезентација на Македонија така што има добиено место во составот кој следната година ќе игра на Европското првенство.