Гичевска во акција – стартуваше новиот француски предизвик (ФОТО)

Македонската репрезентативка Леонида Гичевска ги започна подготовките за новата сезона со нејзиниот нов тим.

По една сезона мината во Ле Пузен, Гичевска направи трансфер во амбициознот Ле Самбр Авенуа и веќе една недела тренира со новите колешки.

Покрај Гичевска, тимот има уште две нови засилувања – левото крило Жули Сиас и белгиската голманка Ема Антонисен.

Ле Самбр Авенуа ќе одигра седум пријателски средби до стартот на новата сезона и првиот натпревар против составот на Стела Сен Маур на 28 август.