Гисласон избра 17 ракометари за Олимписките игри (ФОТО)

Селекторот на репрезентацијата на Германија, Алфред Гисласон го објави конечниот список на ракометари кои ќе патуваат на Олимписките игри во Токио.

Иако се очекуваше дел од ракометарите кои беа на поширокиот список да патуваат на подготовките, сепак, Гисласон одлучи да пресечи и од 28 ракометари да повика 17 за подготвителниот период и за настап на Олимписките игри.

На Олимписките игри во Токио, Германија во првата фаза за противници ги има репрезентациите на Исланд, Франција, Норвешка, Аргентина и Бразил.

Германија на претходните игри, 2016 година, беше елиминирана од Франција во полуфиналето.