Гисласон го објави списокот, Германија без многу ѕвезди на СП!

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон го објави поширокиот список пред настапот на неговата репрезентација на Светското првенство 2023, кое ќе се одржува во Полска и Шведска.

Германија во споредба со претходните Мундијали, во Полска, поточно во Катовице, ќе настапи без голем број на ѕвезди и искусни репрезентативци.

На Мундијалот нема да настапат Патрик Винчек, Хенрик Пекелер, Фабијан Виде, Тобијас Рајхман, Уве Генсхајмер, Штефан Вајнхолд…Дел од споменатите ракометари се откажаа од репрезентацијата.

На списокот кај Гисласон партиципираат 35 играчи, а од поискусните тука се Андреас Волф од Келце, Руне Дамке од Кил, Каи Хафнер од Мелсунген, Патрик Грецки и Јаник Колбахер од Рајн Некар…

Гисласон пред настапот на Светското првенство ќе мора да го скрати списокот и да одлучи со кои 18 ракометари ќе патува на Мундијалот.

Германија на СП ќе игра во групата Е заедно со Србија, Ажлир и Катар. Оваа група вкрстува со групата Ф во која ќе игра и репрезентацијата на Македонија.