Германците уште не знаат каде ќе гледаат Лига на шампиони

Два месеци пред планираниот почеток на новата сезона во Лигата на шампионите ниту една германска телевизиска станица ги нема откупено правата за емитување на натпреварите од најсилното клупско натпреварување во Европа.

Според информациите кои ги објавуваат германските медиуми, преговорите се во тек, па наскоро може да се очекува некоја телевизија да објави дека ќе ги емитува натпреварите. Сепак, засега на два месеци до одигрувањето на првиот натпревар работите се поинакви.

„Уверени сме дека и преговорите ќе бидат завршени успешно и тоа навреме пред почетокот на новата сезона“, велат од германската агенција за медиуми.

Инаку, првите натпревари од новата сезона во Лигата на шампионите се закажани за 16 и 17 септември. Германците имаат две екипи така што ќе имаат многу натпревари кои би требало да ги пренесуваат. Во таква ситуација Германците ќе мораат да се снаоѓаат како и Македонија со помош на интернет линкови.

„Ако спротивно на очекувањата не постои ниту една ТВ станица која би ги емитувала натпреварите од Лигата на шампионите, тогаш натпреварите ќе мора да се гледаат на интернет преку некоја платформата на ЕХФ-ТВ“, велат од агенцијата.

Со оглед на тоа што постои опција на стартот на сезоната да нема публика во салите ќе биде навистина интересно да се види и реакција на фановите бидејќи во таква ситуација ќе се бара начин да се следат натпреварите.