Германците не го примаат Дисингер на подготовки иако има негативен тест!

Ракометарот на Вардар кој очекуваше свој кам-бек во репрезентацијата на Германија, Кристијан Дисингер ќе се врати порано за Скопје поради одлука на раководните лица на националниот тим. Како причина се наведува фактот дека тимот каде што Дисингер игра има позитивни на Ковид 19.

Дисингер бил тестиран во Скопје пред тргнување за Германија и има негативен тест, но во Германија не сакаат да ризикуваат ништо ниту со него ниту со Андрес Вулф и двајцата нема да бидат во комбинација за натпреварите со БиХ и Естонија.

Германците воопшто не го тестирале Дисингер по пристигнувањето туку едноставно му се заблагодариле и му посакале во друга прилика да биде дел од репрезентацијата.

„Навистина е тешко и за нас и за ракометарите. Ќе биде навистина тешко поради тоа што Кристијан Дисингер и Андреас Вулф мораше да бидат извадени од тимот иако имаат негативен тест. Двајцата разумно ја прифатија оваа одлука иако сакаат да бидат со нас во оваа фаза од квалификациите“, вели Аксел Кромер, спортскиот директор на репрезентацијата на Германија.

Со ова стана јасно дека Дисингер ќе мора да почека на својот кам-бек во националниот тим, па тоа би можело да се случи на Мундијалот во Египет.