Германците гласаа: Сакаме да го гледаме Вардар како освојува титула

Екипата на Вардар и во моменти кога нема ракомет и кога имаше тешка сезона и понатаму е на голема цена во светот на ракометот односно кај фановите и во Германија кои очигледно се во голем број.

При анкета од страна на Спортскиот канал Скај Спорт за тоа кој натпревар би сакале најмногу да го погледнат на тв екраните, во два натпревари биле поствени ракометарите на Вардар, а и за двата биле дадени најмногу гласови.

Средбата меѓу Вардар и ПСЖ од финалето во 2017 година при освојувањето на првата титула добила дури 62,66 проценти од гласовите со што овој дуел се најде пред другите три со голема предност.

Ист број на гласови (14,12 проценти) добија финалето меѓу Вардар и Веспрем од 2019 година и финалето од 2015 година меѓу Барселона и Веспрем. На последното место се најде дуелот меѓу Нант и Монпелје, кој беше финале од 2018 година со само 9,1 процент од гласовите.

Ова е доказ дека Германците и понатаму сакаат да го гледаат Вардар и колку Вардар е на цена кај фановите во оваа земја после двете титули освоени во 2017 и 2019 година.