Германците ги средија и „фараоните“

Машката репрезентација на Германија го освои турнирот „Трите нации“ во Нирнберг, откако забележа и втора победа во рамките на подготовките за Олимпијадата.

Избраниците на Алфред Гисласон по триумфот над Бразил, денеска славеа и над селекцијата на Египет со 29-27.

На полувремето бундес тимот имаше водство 12-10, а во вториот дел домашите заиграа посериозно и беше 27-19.

Египќаните се вратија на 28-22, а до крајот успеаја и уште повеќе да ја намалат негативата за конечни 29-27.

Кај Германците се истакна Вебер со пет гола, додека во тимот на Парондо се истакна Јахја со седум погодоци.