Германците во проблеми – Само 13 играчи се подготвени за настап

Репрезентацијата на Германија се соочува со проблеми поради коронавирусот бидејќи има нови четворица позитивни тестови и сега селекторот Алфред Гисласон има само 13 играчи кои се на располагање за настап во вториот круг на шампионатот.

Новите позитивни се Себастијан Хејман, Криштоф Штајнерт, Џибрил М’Бенгу и член на стручниот штаб така што тие нема да бидат во комбинација во следните пет дена што би значело дека доколку биде сè в ред ќе играат во последното коло од вториот круг.

„Во изминатите неколку дена видовме колку брзо оже да се смени ситуацијата. ќе треба заедно да ја процениме новата ситуација и да видиме како ќе продолжиме на овој шампионат“, вели Марк Шобер, инаку извршен директор на Ракометната федерација на Германија.

За утрешното дерби против европскиот првак Шпанија во комбинација за настап се само 13 играчи, освен доколку не бидат одново повикани нови ракометари дополнително. Средбата се игра во Братислава, а почетокот е од 18 часот.