Германската Влада ќе им подели помош од 200 милиони евра на сите спортски колективи!

Германската влада денеска донесе одлука да им помогне на сите спортски клубови во државата, кои трпат големи загуби поради коронавирусот.

Сите домашни лиги – фудбалски, кошаркарски, ракометни, ќе добијат вкупно 200.000.000 евра за да ги покријат последиците кои ги трпат.

„Се надевам дека клубовите ќе ја преживеат новата сезона и покрај тешките услови. Ние даваме сè од себе за да не се соочиме со банкрот на некој клуб следната сезона“, вели Франк Штефен, претставник на германската влада.

Максималниот износ што еден клуб може да го добие е 800.000 евра.