Германија ја декласираше и шокираше Холандија

Во првиот натпревар од главната фаза Германија го приреди првото изненадување и ги освои првите бодови откако беше подобра од Холандија со 36-28 (13-17). Германките кои добија подарок од Шпанија и се пласираа во главната фаза ги замрсија сметки за еден од фаворитите на овој турнир. По првото коло од главната рунда во Скопје, Холандија останува со само два освоени бодови, оние кои ги пренесе од групната фаза, а Германија сега се изедначува со ист број бодови.

На отворањето на главната фаза во Скопје, Холандија и Германија одиграа динамичен и брз натпревар, во кој Холандија ја имаше воведната инцијатива, но потоа Германија ја презема резултатската контрола и полека ја градеше разликата потребна за конечна победа во овој дуел.

Холандија одлично го отвори резултатот, имаше минимална предност, од гол, два или три во 5. минута (5-2), но не успеа да ја задржи за долго. До 13 минута Германија направи комлетен  пресврт и ја презема резултатската иницијатива, поведе за прв пат на натпреварот, а иницијативата и минималната предност ја одржуваше во средината на првиот дел. Во последните шест минути од првиот дел, Германија дојде и до „плус два“. Во овој период Холандија играше и со само пет ракометарки на теренот, но сепак создаваа шанси кои не завршуваа зад грбот на расположената голманката Филтер. Затоа одличната одбрана на Германките беше најзаслужна што Болк го донесе првото водство од „плус три“ за својот тим (13-16 27′). Филтер продолжи со одличните интервенции, а по петтата одбрана, во самиот финиш, Германија дојде на највисоки четири голови предност, 13-17. Резултат со кој се завршија првите триесет минути.

По ефикасниот старт на второто полувреме, Германија во брканицата на терен успеа да дојде и до највисоките пет голови предност на овој дуел 16-21, но само една минута и неколку грешки во нападот беа потребни за Холандија да напаѓа за „минус два“ (18-21 36′). Холандија успеа да дојде до „минус два“ дури по исклучувањето на нивната репрезентативка Дулфер. Но беше потребна помалку од една минута Германија да врати два гола од високата предност, а во брзата транзиција и завршување на акциите по четири додавања повеќе грешеа Холнѓанките. Затоа на половина на второто полувреме разликата остана „плус четири“, 23-27.

Во последните десет минути Германија влезе со предност од пет голови (24-29) и ја најави победата на овој дуел. Холандија имаше свои решенија во нападот, имаа и чисти позиции и шанси, но голманот Филтер беше последниот германски бедем кој не успеваа да го надминат. Затоа разликата на германките се искачи и на највисоки осум голови на пет минути до крајот (25-33). Кога веќе беа познати сите работи на теренот, а Германија броеше и до „плус девет“ во рутинска завршница ги освои првите бодови во главната фаза со конечни 28-36.

Со два бода колку што пренесе и Холандија од групата Ц, сега може да се надева на висок пласман.

Најпрецизна кај победничката екипа беше Гриселс со 8 голови, Штокшледер ја следеше со 6, а Ширмер имаше 5 погодоци. Кај Холандија Малестајн постигна 8 голови, Ван Дер Хејден и Ван Дер Вилет имаа по 5 погодоци.