Германија во проблеми: Генсхајмер и Вајнхолд веќе нема да играат за репрезентацијата

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон се најде во тешка ситуација откако двајца од главните ракометари одлучија да се повлечат од играњето за националниот тим, па тој на следните собири повеќе нема да може да смета на Уве Генсхајмер и Штефан Вајнхолд.

И двајцата одлучија да се пензионираат од играњето за репрезентацијата и ова веќе го доставија до Ракометната федерација на Германија.

Покрај нив има уште ракометари кои не планираат да играат. Пивотот Хендрик Пекелер најави дека сака да направи пауза од некоја година така што тој нема да биде достапен исто така за следните акции и големи натпреварувања.

Што се однесува до голманот Јоханес Битер, тој исто како и Генсхајмер и Вајнхолд повеќе не планира да игра, но кај него постои можност да го облече дресот одново во ситуација кога би имало потреба од него во репрезентацијата односно кога би останале без доволно квалитетни голмани во изборот.