Георгиевски: Ќе излеземе од оваа криза и ќе почнеме да победуваме

Ракометарите на Вардар денеска ги очекува тежок натпревар во Лигата на шампионите на гостински терен кај Кил.

Македонскиот првак e во серија од пет порази во елитното натпреварување, но десното крило Гоце Георгиевски е оптимист и вели дека тимот ќе излезе од кризата.

„Може да кажеме дека сме во резултатска криза во ЛШ немаме долго време победа. Тоа е спортот, некогаш победуваш, некогаш губиш. Има многу натпревари. Домашно првенство, Лига на шампионите, па имавме повредени или болни играчи, не можеме секогаш да сметаме на најдобриот состав. Има многу други пропратни работи што не дозволуваат да го дадете максимумот. Се наоѓаме во тешка ситуација, но остануваат уште две кола во ЛШ и важнинот дуел против Еурофарм Пелистер. Тоа се тешки двобои, но јас сум оптимист дека ќе излеземе од оваа криза и ќе почнеме да победуваме“, вели Георгиевски.

Натпреварот меѓу Вардар и Кил се игра вечерва во „Вундерино Арена“ со почеток во 20:45 часот.