Георгиевски со три бода од гостувањето кај Доброгеа Суд

Екипата на ЧСМ Букурешт влегува во сè подобра форма како што одминува времето и како што првенството влегува во завршница. Последната победа дојде на гостувањето кај Доброгеа Суд (Констанца) со 28:24 со што се гледа еден пад во квалитетот на екс-шампионот на Романија.

На средбата кај поранешниот првак во тимот на ЧСМ Букурешт беше и репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски. Тој и понатаму е на стандардно ниво.

На овој натпревар тој беше повторно меѓу подобрите, а натпреварот го заврши со три погодоци.

Со оваа победа ЧСМ Букурешт успеа да се израмни со по 36 бода со Доброгеа Суд и сега се на 4. и 5. место. Пред нив е Баја Маре, а овој тим има 40 поени.