Георгиевски одличен, биеше со 100 проценти сигурност за победа на ЧСМ Букурешт

Екипата на ЧСМ Букурешт додаде уште една победа во првенството и остана во трка за 3. Место место со Баја Маре и Доброгеа Суд. Победата над Темишвар од 28:19 беше показател дека формата оди во нагорна линија, а свој одличен настап имаше и репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски.

Ракометарот кој настапува на позицијата десно крило на оваа средба беше стрелец на седум погодоци.

Она што е секако одлично за него е дека успеа да дојде до сто проценти реализација. Успеа да бие без грешка и секако со ова покажува дека ја крева формата како сезоната се доближува до својот крај така што ова е одлично и за него и за тимот, но и за репрезентацијата на Македонија.