Гедбан може пак во Лигата на шампионите, Адемар Леон побара вајлд-карта

Форматот на Лигата на шампионите од наредната сезона се менува, ќе учествуваат 16 екипи што е помалку за разлика од претходните сезони. Од нив познати се десет учесници, а за останатите шест ЕХФ ќе одлучи според определени критериуми.

Останатите шест места ќе бидат одредени според условите во клубовите, економската стабилност на клубот, квалитетот и условите за одигрување на домашни натпревари. Први кандидати за место во ЛШ се Нант и ПИК Сегед, а барање за вајлд-карта испратија и вице шампионот на Полска, Висла Плоцк, Динамо Букурешт, Еурофарм Пелистер, Целје, Мотор Запорожје, Брест Мешков, како и шпанскиот Адемар Леон.

Доколку Адемар Леон добие позитивен одговор од ЕХФ за место во Лигата на шампионите, голманот на Вардар Калифа Гедбан повторно ќе има можност да игра во најелитното клупско натпреварување, откако во сезоната 2018/19 стана европски шампион со Вардар, а од наредната сезона ќе го брани голот на шпанскиот вицепрвак.