Гедбан има нов тим, повторно ќе игра во Лигата на шампионите (ФОТО)

Поранешниот голман на Вардар, Калифа Гедбан и во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите, а неговиот нов тим е Динамо од Букурешт.

Новиот тренер на тимор на Динамо, Чави Пасквал побара Гедбан да пристигне во клубот за да има искусен голман, а тој е само уште еден нов играч во екипата која летово доби многу нови ракометари. Гедбан доаѓа во клубот од Романија од екипата на Адемар Леон.

Претходно во Динамо Букурешт дојде и уште еден поранешен вардарец, Кристијан Дисингер, а нови играчи во Динамо се и: Седрик Сорендо, Алекс Пасквал, Камел Алуни, Ахмед Хајри, Роберт Милитару, Раул Нант, Калин Деду и Дан Ракоција.

Тимот на Динамо Букурешт е во Групата Б, а таму се и тимовите на ПСЖ, Барселона, Порто, Келце, Флензбург, Веспрем и Мотор.