Гевгеличанки имаа плус седум, но завршија само со гол позитива против Спартак

Ракометарките на Гевгелија дојдоа до втората победа сезонава откако на домашен терен одиграа интересна средба во која нијанси пресудија за бодовите. Гевгеличанки со 28:27 беа подобри од Спартак и дојдоа до трите бода со кои после 6. коло се на 6. позиција.

Во текот на целата средба постоеше неизвесност и нијанси беа во прашање кој тим ќе дојде до победа.

Гевгелија беше во постојана предност која ја чуваше до крајот од средбата. Спартак се обидуваше да намали, но никако не успеваше да израмни. Во ниту еден момент немаше нерешен резултат.

Домашните во еден период имаа и плус седум гола, а тоа се случи на почетокот на второто полувреме кога не можеше да се направи ништо повеќе, па на Спартак му остана само да го намали резултатот и да го ублажи поразот колку е можно.

Ова беше втор триумф за Гевгелија и сега има седум бода за разлика од Спартак кој го претрпе петтиот пораз во шест одиграни натпревари.

ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК  28:27 (14:12)

Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ГЕВГЕЛИЈА: Горковска, Басова, Динева, Живковска 3, Шутева 3, Митрова, Петковска 4, Јовеска 5, Митревска 5, Танева, Ибрахимовиќ, Митрова 8.

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 8 мин.

СПАРТАК: Самарџиоска, Гроздановска 7, Китановска 4, Трајановска 1, Василева 3, Стефановска 3, Ангеловска 1, Ивона Кимовска, Коларовска 6, Ива Кимовска 2, Кузмановска, Божиновска.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 6 мин.