Гебала го продолжи договорот со Келце до 2026 година!

Левиот бек на Келце, Томаш Гебала, иако имаше активен договор со полскиот првак до 2022 година, реши да ја прифати понудата за долгорочен договор.

Тој се обврза на нова четиригодишна верност и би требало да биде дел од Келце до 2026 година.

„Проектот што се гради овде, тоа како играме оваа сезона, атмосферата во тимот, ме убедија да останам овде. Нашата цел е место на завршниот турнир во ЛШ“, вели Гебала.

Покрај Гебала, претходно Талант Душебаев се обврза на верност до 2025, Трастарсон има исто така договор со 2024 година, таков потпиша и десното крило Аркадиуш Морито, па јасно дека финансиите не се повеќе проблем во Келце.

Гебала потекнува од Арка Гдиња, беше член на Гдањск, пред да замине во Магдебург, каде што играше три сезони. Потоа настапуваше и за најголемиот ривал на Келце, Висла Плоцк до 2019 година.