Галиа пак беше крвник на Македонија: Знаевме дека ако загубиме, ќе беше крај за нас!

Македонија загуби во второто коло на Европското првенство во Австрија од селекцијата на Чешка. Голманот на чешката репрезентација, Мартин Галиа, како и многу пати досега, така и сега, одигра маестрално против Македонија. Забележа 14 одбрани.

„Одбраната функционираше многу подобро од првиот меч, дадовме максимум, затоа што знаевме дека ако загубиме Европското првенство ќе заврши за нас. Им благодарам на фановите и на Македонија и на Чешка за одличната атмсфера во салата, беше вистинско уживање да се игра“, изјави Галиа.

За нас сега останува последниот натпревар на 14 јануари против домаќинот, на кој ни одговара само победа доколку сакаме место во втората фаза.