Габи Величковска останува во Франција, но го менува клубот – ќе игра со светска шампионка!

Поранешната ракометарка на Кожувчанка од Штип и Металург, Габриела Величковска и во следната сезона ќе настапува во Франција.

По одиграните седум сезони во Автокоманда, централниот бек замина во францускиот второлигаш Ле Пужен, каде беше меѓу најдобрите стрелци, а во минатата сезона постигна 72 погодоци.

Сепак ова лето македонската интернационалка се реши за трансфер во амбициозниот тим Кот Баске.

Таму во новата сезон ќе настапува и левото крило Фернанда Да Силва, која стана светски првак со Бразил во 2013 година.