Вујовиќ: Секој што гостувал кај Вардар, знае дека тоа е најтешкото гостување во Европа!

Ракометарите на Вардар вечерва ги очекува двобојот од Лигата на шампионите против полскиот Келце.

Оваа сезона покрај Алекс Душебаев, минутажа добива и црногорскиот интернационалец Бранко Вујовиќ, кој очекува полесна задача бидејќи нема да има фанови на трибините во Скопје.

„Секогаш кога Вардар игра дома, навивачите се играч плус за домашниот тим. Ова е најтешкиот терен. Секој во Европа знае дека кога гостуваш во Скопје, без разлика на составот на Вардар, ќе имаш тешка задача. Сега нема навивачи, па можеби ќе биде малку полесно. Од друга страна, пак, ни фали атмосферата на трибините. Иако знаеме дека навивачите ќе бидааат против нас, сепак сакаме да играме пред полна сала. Тоа е дополнителна мотивација за спортистите“, вели Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Келце се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.