Вујовиќ: Одам таму каде што ме сакаат, не размислувам за мојот рејтинг

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ се наоѓа пред трансфер во тимот на Подравка и ова би можел да биде неговиот прв предизвик со водење на женски тим.

Според информациите очекува документи за да може да го преземе водењето на Подравка и тоа би можело да се случи наскоро.

Самиот објаснува зошто се решава да прифати работа во помали клубови или да се врати по вторпат или третпат во некоја екипа во која работел претходно.

„Многумина ќе речат зошто ми требаат некои работи како Ниш, Борац, па и Вардар уште еднаш… Ќе ме прашаат луѓето зошто одиш? А јас одам само таму каде што ме сакаат притоа не размислувајќи за својот рејтинг. Кога некој така ќе ме нагости, само сакам да дадам сè најдобро од себе. И луѓето го препознаваат тоа. Многу сум среќен поради тоа“, вели Вујовиќ за медиумите во Хрватска.

Тој го предводеше тимот на ППД Загреб, а доколку ја презеде Подравка тогаш ќе биде еден од ретките кои ги воделе шампионите во машка и во женска конкуренција на Хрватска.