Вујовиќ: Не можам да кажам дека Вардар е фаворит против Елверум, ама…

Вардар отпатува за Елверум, Норвешка, каде утре го игра првиот натпревар од групната фаза од Лига на шампионите.

Тренерот на македонскиот првак, Веселин Вујовиќ, вели дека Вардар има свои адути, иако во ростерот нема да бидат Гурбиндо, Кудуз и Ристовски.

„Патуваме за Норвешка каде исто така треба да ги испочитуваме сите Ковид протоколи, а потоа и да играме со екипа која мислиме дека можеме да ја победиме. Јас се уште не ја знам вистинската сила на мојот тим. Не играњето на Ф4 во СЕХА лигата и два силни меча против европски екипи не ми даваат показател за тимот. Особено што во тимот нема да ги имаме ниту Кудуз ниту Гурбиндо кои сезонава веќе играа на неколку натпревари. Едниот поради повреда, другиот поради некои други причини. Тука се браќата Њокас, кои сепак ќе имаат само еден тренинг и незнам ни во каква физичка кондиција се. Се среќаваме со екипа што игра врвен ракомет како и сите нордиски екипи, играат модерно, доста трчаат, имаат креативни играчи. Ќе биде тежок натпревар. Би било добра првиот чекор во ЛШ да го почнеме со победа, но во овој момент навистина не можам да кажам дека Вардар е фаворит на овој натпревар, иако имаме свои адути и свои шанси и ќе сториме се да го добиеме натпреварот во Норвешка“, изјави Вујовиќ.

Средбата меѓу Елверум и Вардар е закажана за утре, 15 септември 2021 година со почеток во 18:45 часот.