Вујовиќ: Алборг може да падне во Скопје со помош на публиката

Ракометарите на Вардар ги очекува третиот натпревар од Лигата на шампионите. По ремито со Елверум ии триумфот над Мешков Брест, вардарци ќе се соочат со данскиот Алборг.

Тренерот Веселин Вујовиќ смета дека со помош на публиката, и данскиот првак може да падне во Скопје.

„За кратко време одигравме шест натпревар и тоа во само две недели. Во домашно првенство не можеме да сметаме на сите играчи и не можеме да држиме ритам. За Алборг да не трошиме зборови, тоа е тим кој игра најдобар ракомет во Европа. Со нашата публика секогаш играме одлични натпревари. Во тие услови мораме да дадеме 100 проценти од силите. Така можеме да победиме секого, па и Алборг. И за Алборг, Вардар ќе биде прв посериозен ривал. Со браќата Њокас добивме опасност во нападот во однос на продор, но и некои грешки при шутеви, бидејќи тие се шутери. Тоа е нормално кога некој не тренира и да има пад во формата. Алборг е тим кој наликува на данската репрезентација. Мора брзо да се враќаме во одбрана. Се изненадив од моите играчи од играта против Мешков, а доколку немаше падови ќе беше подобро против Еурофарм Пелистер. Ако утре победиме тогаш нашите амбиции се зголемуваат над она што е нормално“, вели Вујовиќ.

Натпреварот меѓу Вардар и Алборг се игра утревечер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.