Вујовиќ: Алборг го игра најдобриот ракомет во Европа во моментов

Екипата на Вардар в среда од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Алборг , а тоа е најава за нoв интересен натпревар. Вардар има три бода после две кола, но сега му следи голем тест.

После победите над Мешков Брест и Еурофарм Пелистер сега ќе следува уште потежок натпревар против актуелниот вицешампион во Лигата на шампионите така што в среда ќе биде максимално интересно.

„Носени од оаа публика можеме се. Меѓутоа Алборг според мене го игра најдобриот ракомет во Европа во моментов. Сепак, прво треба да се вратиме во ритам после победата над Еурофарм Пелистер и подготвени да го дочекаме овој дуел“, рече вчера после дуелот против битолчани, тренерот Веселин Вујовиќ.

Натпреварот в среда ќе биде нов испит за „црвено-црните“, а изјавата на Вујовиќ можете да ја погледнете и во видеото во продолжение.