„Вујин се најде повреден дека Чупиќ играл место него“

Заминувањето на Марко Вујин од Вардар пред неполн месец сериозно го погоди тимот, кој остана без класичен десет бек.

Во викенд интервјуто со тренерот на Вардар, Стевче Алушовски го прашавме дали е вистина дека е само прашање на его? Односно незадоволството на Вујин што Чупиќ играл како десен бек на неговата позиција? Дали помисли клубот на суспензија по едно такво, преку ноќ, заминување од екипата?

„Тоа беше наведено како една од причините! Да бидам искрен, заминувањето на Вујин непријатено нè изненади сите. Тоа е одлука која ја донесе сам. Со ништо ниту клубот, ниту јас како тренер или неговите соиграчи не придонесоа за да направи таков потег, но неговиот избор мора да се почитува. Јас како тренер имам свое размислување и мојата визија за тој натпревар со Пик Сегед беше без Марко Вујин, што не значи дека не беше планиран за следните натпревари. Како тренер штом сум се одлучил Чупиќ да игра, значи во моментот не сум бил задоволен од неговата игра или од она што тој требаше да биде во овој систем на Вардар. Знаете дека во Порто играше 60 минути и не гледам зошто некој играч би се налутил за тоа. Со неговото доаѓање во Вардар сите ние се обидовме да му помогнеме да се врати во некоја нормала и да се чувствува како дел од екипата и да придонесе со неговото искуство, но тој донесе таква одлука и треба да ја почитуваме, нема назад. Немам ништо лично против него, тој се најде повреден, со Михајловски спогодбено доби раскин на договор и клубот нема планови да го суспендира.“

Подолу прочитајте го комплетното интервју…

ИНТЕРВЈУ СТЕВЧЕ АЛУШОВСКИ: Од овој Вардар најдоброто допрва ќе го видиме!