Вујин: Поделбата на бодовите е најкоректниот резултат

Еден од поискусните ракометари во редовите на Вардар, Марко Вујин прикажа одлична игра на дуелот против Порто и со пет погодоци беше и еден од поефикасните.

Вујин потврди дека денеска не биле на нивото од минатиот дуел кога против Флензбург одиграа далеку подобар натпревар.

„Имавме доста проблеми во нападот без разлика дали беа технички грешки или зицери. Се надевам дека ќе ги исправиме на следните натпревари. Поделбата на бодовите некако е најкоректен резултат. Не бевме на нивото од дуелот со Флензбург. Порто е одличен тим кој го користеше тоа. Можеме да бидеме среќни што земвме бод иако одевме на два“, рече Вујин на пресот.

Шансата за поправање на работите ќе биде на 28 октомври, а ривал е составот на ПСЖ, кој сезонава е далеку од потребната форма.