Вујин е омразен лик во Сегед: Навивачите почнаа антикампања против десниот бек! (ФОТО/ВИДЕО)

Десниот бек Марко Вујин по неуспешната епизода во македонскиот првак Вардар, најде нов клуб и ќе игра за ПИК Сегед до крајот на сезоната.

Иако нема право да игра во домашното првенство и Купот на Унгарија поради задоцнетиот трансфер, Вујин ќе може да му помогне на ПИК Сегед против Кил во Лигата на шампионите, каде што веќе е регистриран.

Сепак навивачите не можат да заборават на минатото и неговите партии како член на Веспрем против тимот на ПИК Сегед. Тие веќе почнаа антикампања против Вујин на социјалните мрежи и потсетуваат на некои негови гестови.

Србинот им се извини на навивачите во првата изјава како член на ПИК Сегед, но веројатно тоа нема да биде од голема помош.

„Драго ми е што можам да се приклучам на тимот на Пик Сегед. Знам што значи моето присуство за навивачите, но се надевам дека ќе ми простат за мојот однос кога бев млад и недоволно зрел. Ќе се извинам и ќе дадам сè од себе да се фокусирам на тоа да му помогнам на тимот да напредува во Лигата на шампионите и конечно да им дадам радост и на навивачите и на клубот“, изјави Вујин.