Вулф и Хајневетер собраа 14 одбрани, Германија покажа моќ против Словенија

Селекцијата на Германија е пред пласман на Олимписките игри во Токио, откако славеше над Словенија убедливо со девет голови разлика, 36-27.

Победникот беше познат уште по првиот дел, кога избраниците на Алфред Гисласон водеа со десет разлика, 22-12. Одбраната на Словенците не можеше да се состави, а Германците погодуваа од сите позиции.

Во вториот дел иако Врањеш промени поголем дел од ростерот, сепак разликата не се намалуваше и бундес тимот само рутински ја доврши задачата. Вулф имаше 10 интервенции, а Хајневетер четири, додека најдобри стрелци беа Шилер со седум и Кун со шест погодоци. Кај Словенците, пет гола даде Благотиншек.

Германија со триумф над Алжир ќе го потврди пласманот на ОИ, додека за Словенија нема друга опција освен победа над Шведска, ако сака пласман во Токио.