Вуко Борозан има нов клуб – ќе игра во Катар!

Некогашниот ракометар на Вардар, Вуко Борозан, по неколку месеци откако раскина со унгарскиот гигант Веспрем, си најде нов клуб.

Црногорецот во новата сезона ќе ги брани боите на катарскиот клуб Ал Араби, со кој се договори за соработка на две години.

Тој имаше понуда своевремено да заигра и за катарската репрезентација, а со оглед на тоа што нема настап за Црна Гора од 2017 година, нема да биде чудно ако тоа се случи сега.

Борозан во Веспрем мина неполни две сезони, но неславно заврши неговата авантура во Унгарија, слично како и таа во Вардар во 2019 година.