Втор потпис – уште еден ракометар го продолжи договорот со Вардар!

По централниот бек Стефан Крстевски, уште еден ракометар ја продолжи верноста со европскиот шампион Вардар.

Станува збор за кружниот напаѓач Давид Гашовски, кој потекнува од школата на Вардар Јуниор, но со оглед на тоа што овој тим нема да игра во Суперлигата догодина, Гашовски се сели во првиот тим и потпиша договор на една сезона.

Тој имаше три настапи за првиот тим сезонава на натпревари од СЕХА лига и покрај дефанзивните задачи, успеа да постигне и три гола.

Следните денови треба да биде познатата иднината на Стефан Атанасовски и на Марко Кизиќ, пред да дојдат на ред за преговори поискусните ракометари.

Претходно покрај Атман, Кристопанс и Скубе, од тимот си замина и левиот бек Дејан Кукуловски, кој ќе игра за Еурофарм Пелистер.