„Вториот“ тим на Вардар пресилен за „младинците“ на Охрид

Фактот што Охрид допатува во Скопје со речиси младински тим и со 2-3 искусни ракометари, им даде шанса на „резервистите“ на Вардар да играат повеќе, но и тие беа пресилни за гостите кои заминаа со пораз од 35-19 (8-14).
Ова е прва од двете средби на скопјани што се игра без присуство на публика. Охрид реши да ги одмори искусните и да се подготвува за следниот дуел со Тиквеш кој може да решава за четвртото место на табелата што води во европските купови.
По подолго врем шанса кај Вардар да игра доби Андреј Добрковиќ, па и крилата Марио Стојановски и Ален Ќосевски. Поискусните како Филип Талески, Леонадро Дутра, Куни Моралес, Јан Чувара воопшто н евлегоа во игра, па со аплаузи ги бодреа соиграчите за нивните добри потези.
Мартин Томовски бранеше само 15 минути, слично и Дејан Манаков, а во состав го немаше воопшто Велко Маркоски, Гоце Георгиевски и Стојанче Стоилов.
Кај Охрид поискусни беа само голманот Зураби Цинцадзе, Балша Цејовиќ и Јакша Вјештица. Со само осум играчи и три голмани Охрид немаше шанса ниту да пруши отпор. На почетокот малку се држеа, а потоа само се зголемуваше раликата во корист на Вардар.
На клупата на Охрид беше Наум Бабачев, и играјќи без притисок левото крило Никола Ристески имаше најпрецизна рака, и постигна девет гола а за помладите ова секако ќе биде искуство.
Кај Вардар, Марио Стојановски постигна 6 гола, а по пет дадоа Дејан Манасков и Милан Лазаревски.

Во следното коло Вардар гостува кај Бутел, а Охрид е домаќин на Тиквеш.