Врањеш останува без првиот помошник – Зорман веќе не е дел од репрезентацијата на Словенија

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња во Словенија, Урош Зорман одлучи да се повлече од работата во националниот тим после неуспешните квалификации за Олимписките игри во Токио.

Во информацијата се вели дека Зорман ќе се посвети на клупскиот ангажман во Тримо Требње, а веќе е познато дека за неговите услуги постои заинтересираност од страна на составот на Мешков Брест, па голема е веројатноста веќе од ова лето да се пресели во Белорусија.

Според вестите од Словенија, Врањеш ќе направи целосна реконструкција на стручниот штаб односно во тимот со кој ќе работи ќе има нови членови бидејќи и другите помошници најверојатно ќе го напуштат водењето на репрезентацијата.

Инаку, Зорман од оваа сезона почна со самостојна работа како тренер откако беше помошник на Душебаев во редовите на Келце. Откако почна работа во Тримо Требње се најде во тимот на Врањеш, но очигледно дека неуспехот во квалификациите го премисли и реши да работи само на клупски план.