Врањеш објави список – со Скубе, Гајиќ, Бомбач…на Мундијалот во Египет (ФОТО)

Селекторот на словенечката репрезентација, Љубомир Врањеш, го објави скратениот список на ракометари што ќе играат на Светското првенство во Египет.

На списокот има 21 ракометар, а според имињата и возраста на играчите, Словенците ќе имаат еден од најискусните состави на Мундијалот.

Врањеш го вметна во ростерот и плејмејкерот на Мешков Брест, Сташ Скубе, кој се враќа во националниот тим по скоро три години, а повратник ќе биде и десното крило Драган Гајиќ. На голманската позиција ги нема Лесјак и Скок, но тука ќе бидат Ферлин и Кастелиц.

Интересно е што Врањеш има само по два леви и десни бекови, но дури пет средни. Веројатно некои од средните бекови кога ќе има потреба ќе играат и на другите бековски позиции.

Словенија е во група на СП со Јужна Кореја, Русија и Белорусија.