Во Србија без публика најмалку до крајот на септември!

Наптреварувањата со Србија се во прекин во сите спортови, но според зборовите на министерот за млади и спорт Вања Удовичиќ штом се направат услови спортот ќе се врати на терените.

Луѓето од Министерството и лично министерот се во постојан контакт како со ракометарите така и со останатите спортисти, за да им помогнат полесно да се справат со изолацијата и тренинзите.

Доколку продолжи првенството на Србија многу веројатно е дека ќе биде доиграно без гледачи.

„Според советите на домашните експерти и Светската здравствена организација се смета дека натпреварите до крајот на годината ќе се играат без гледачи. Околностите се менуваат од ден во ден, не можеме да кажеме дека ќе се игра без гледачи до крајот на годината, но сигурен сум дека барем до септември односно до крајот на сезоната 2019/20 ќе се игра без публика“, истакна Удовичиќ.

Министерот за млади и спорт ги повика клубовите да не брзаат со враќањето на тренинзите без разлика колку и да е голема желбата за тоа.

До овој момент во српската лига ниту еден клуб ги нема намалено платите на ракометарите, ниту некој има добиено отказ.