Во служба на репрезентацијата: Три меча од суперлигашкиот плеј-оф ќе се играат во петок

Поради собирот на машката репрезентација пред последните два меча од квалификациите за ЕП 2024 година, три меча од суперлигашкиот плеј-оф ќе се играат во петок.

Најпрво од 13:00 часот, 11 коло ќе го отворат Вардар и Еурофарм Пелистер 2, а од 19:00 часот во Автокоманда и во Македонско Сонце ќе се играат уште два натпревари.

Пролет ќе го пречека Еурофарм Пелистер, додека интересен натпревар треба да одиграат Алкалоид и Охрид.

Последниот натпревар од 11 коло во плеј-офот ќе се игра в недела со оглед дека немаат репрезентативци ќе играат Тиквеш и Бутел Скопје во Кавадарци од 19:00 часот.

Собирот на националниот тим ќе биде в недела од 16:00 часот. Мечот против Луксембург е на 26 април од 20:15 часот, а оној против Турција се игра на 30 април од 18:00 часот.