Во ИХФ нема финансиска криза, ја одбија понудената помош

Кризата предизвикана од коронавирусот на светско ниво се чини дека не влијае премногу на финансиите во Светската ракометна федерација. ИХФ е првата спортска организација која истакна дека не и е потребна финансиска помош.

Меѓународниот олимписки комитет му понуди помош на ИХФ за полсено надминување на кризата, но помошта беше одбиена со образложение.

„Префрлете им ја помошта на другите федерации во оние спортови каде што е потребно во ова време на криза кога се одложени натпреварите и Олимписките игри во Токио“, беше соопштено од ИХФ.

ИХФ на својот сајт објави податоци за заработката во минатите години што може да ја потврди финансиската моќ на федерацијата. Во 2019 година ИХФ остварила профит од 6,3 милиони евра, а додека претходната 2018 година федерацијата имала добивка од 14,8 милиони евра. Најголемиот дел од приходите на ИХФ доаѓаат од ТВ правата или вкупно 11,3 милиони евра, додека приходите од маркетинг правата 2 милиони евра.