Во Залау имаат пари за плати до крај на јуни

Во сите клубови низ светот проблемите од ден на ден стануваат сè поголеми, а со тоа и неизвсноста околу исплаќање на платите на ракометарите и ракометарките.

Менаџерот на екипата на Залау, Георге Тадичи вели дека има решение како да ги исплати сите пари до крајот на јуни, но и дека побарал да се одложи првенството еден месец и оваа спортска сезона да финишира на 31 јули. Неговата изјава ја пренесува рускиот „Брз Центар“.

„Мислам дека оваа опција ќе ја искористам во случај на виша сила. Се разлиба, во моментов сум загрижен поради продолжувањето на вондредната состојба за уште еден месец, но имам некои пресметки. Мислам дека можеме да дадеме нормална плата до 1 јули, кога ќе стартува новата спортска година. Понудив да се одложи тековната сезона до 31 јули и следната да почне од 1 август со оглед на ситуацијата. Досеганема одговор на мојот предлог“, вели менаџерот на Залау, Георге Тадичи.

Прекинот трае веќе еден месец во Романија, а покрај тоа има и вонредна состојба исто како и во најголемиот дел од земјите, а уште не се знае кога и како ќе финишира сезоната.